Оператори во контакт центар (реф. бр. 102026-013)
Продолжуваме со проширување на контакт центар тимот во соработка со Македонски Телеком АД Скопје. За таа цел вработуваме:
ОПЕРАТОРИ ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР
(реф. бр. 102026-013)
Работната позиција е наменета за кандидати за кои комуникацијата со луѓе е предизвик, сакаат да им помогнат на клиентите и имаат способност да препознаат можности за продажба на производи и услуги.
Опис на работната позиција
Како оператор во контакт центар ќе бидете задолжени за:
• Одговарање на влезни повици од корисници и обезбедување професионална корисничка поддршка,
• Давање основна техничка помош и насоки при користење на интернет, ТВ и телефонски услуги,
• Остварување излезни повици со цел презентација и продажба на телекомуникациски производи и услуги,
• Препознавање на потребите на клиентите и понуда на најсоодветно решение,
• Обезбедување позитивно корисничко искуство преку љубезна, професионална и ефикасна комуникација,
• Работа согласно утврдени процедури, стандарди за квалитет, јасно дефинирани цели и индикатори за успешност.
Профил на кандидатот
Ги охрабруваме да аплицираат ка